Ѓоковиќ: Тренирам и се подготвувам како да знам дека ќе играм во Њујорк!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ ѝ се обрати на јавноста преку Инстаграм и кажа дека се подготвува за Ју-Ес опен кој се игра во Њујорк.

Според сегашните правила, невакцинираните странци не можат да влезат во САД.

„Сакам да ја искористам оваа можност за да споделам со вас колку ми значи вашата поддршка и љубов која ми ја испраќате. Голема чест е што толку многу луѓе ме поддржуваат и сакаат да ме видат на терените. Јас продолжувам да тренирам и да се подготвувам додека чекам одговор дали постои можност да заиграм во Њујорк“, кажа Ѓоковиќ.

Ју-Ес опен треба да почне на 29 август, а претходно се игра Мастерсот во Синсинати.