Ѓоковиќ: Вимблдон ми беше детски сон, се радувам на новиот предизвик


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра на Вимблдон, кој ќе се одржи од 27 јуни до 10 јули, а ќе се обиде да ја освои титулата по шести пат во кариерата.

Србинот ќе ја брани титулата која ја освои минатата година, откако во финалето беше подобар од Матео Беретини со 3-1 во сетови.

„Убаво е да се игра на трева. Секогаш се радувам на новиот предизвик на турнирот, кој ми беше детски сон“, напиша Ѓоковиќ.

Ждрепката за Вимблдон ќе се одржи во петок од 11 часот, а Ѓоковиќ е прв носител и негов дуел со Рафаел Надал е возможен само во финалето на турнирот во Лондон.