Ѓоковиќ во три сета го декласира Димитров за осминафинале во Мелбурн


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одигра одличен меч против Бугаринот Григор Димитров и славеше со 3-0 во сетови, односно 7-6, 6-3 и 6-4 за пласман во осминафинале на Австралијан опен.

Димитров даде голем отпор во првиот сет, каде што Ѓоковиќ како победник излезе по тај-брејкот со 9-7, по што следеше подобра игра од српскиот тенисер.

Србинот во следните два сета беше одличен на теренот и со 6-3 и 6-4 си обезбеди осминафинале во Мелбурн.