Ѓоковиќ: Знаењето може да биде клетва, не мислам да го носам во гроб!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите во историјата на тенисот, а секогаш мисли за сѐ однапред, па така и за тоа што ќе прави по завршување на кариерата.

Србинот го освои турнирот во Париз по шести пат и испиша историја, а сега следи завршниот Мастерс во Торино.

Ѓоковиќ откри дека сака да биде тренер, односно сака да го пренесе своето знаење на новите генерации на тенисери.

„Да сум негов тренер, не би имал многу работа. Се шегувам. Данил е еден од најдобрите во светот во моментов. Себе се гледам како тренер во иднина. Го сакам овој спорт. Знаењето може да биде клетва ако не го користите. Секако дека имам корист од тоа, но што да правам со него, нема да го носам во гроб“, вели Ѓоковиќ.