Голден Стејт запиша четврти триумф по ред, Милвоки пак влезе во победничка серија (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На НБА-паркетите синоќа беа одиграни пет натпревари, а најмногу се издвојуваат победите на Милвоки бакс и Голден Стејт вориорс.

Милвоки успеа да слави со 112-86 против Атланта. Гостите благодарение на првото полувреме, во кое имаа +23 успеаа на крајот да запиша лесна победа. Екипата со најдобар скор во лигата ја предводеше Мидлтон со 23 поени до нова победа.

Голден Стејт полека се буди по катастрофалниот старт на сезоната, па го запиша четвртиот триумф во низ, откако славеа со 105-96 против Феникс санс.

Одличен кај домаќините беше Расел со 31 постигнат поен, а кај поразената екипа најефикасен беше Букер со 34 поени.

Најдраматично беше меѓу Шарлот и Оклахома, а гостите по продолженија победија со 104-102. Победи запишаа и Орландо против Филаделфија со 98-97 и Мајами против Индијана со 113-112.