Голем кикс на Сити: Тему Пуки го реши и шампионот на Англија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Манчестер Сити претрпе неочекуван пораз од 3:2 на госутвањето кај тимот наНорвич.

Манчестер Сити беше огромен фаворит на „Кероу Роуд“, но Норвич приреди вистинска сензација и стигна до нова победа.

Меклин во 17. минута го отвори резултатот, а десет минути подоцна Кантвел дополнително ги шокираше „граѓаните“ со втор гол за Норвич.

На 2:1 намалу Агуеро кон крајот на првиот дел, но веќе на стартот на второто полувреме на сцена стапи Тему ПУки кој повторно постигна погодок овој пат за 3:1.

Родри во финишот намали на 3:2, но тоа беше се од Манчестер Сити кој го запиша првиот пораз оваа сезона и сега сериозно заостанува зад Ливерпул кој е непогрешлив на првата позиција.