Голем пресврт –„Кралот„ се врати во трка, проблем е ветувањето на Погба?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сведоци сме на се извесен трансфер на Пол Погба кој привлекува огромно внимание на јавноста ширум Европа, а вечерва наводно дојде до голем пресврт тврдат влијателните медиуми од Франција, Италија и Шпанија.

Францускиот репрезентативец Пол Погба ќе биде прва ѕвезда на летниот преоден рок и тука повеќе нема никакви дилеми, а јасно е дека Јувентус ќе заработи силни милиони од продажбата на еден од најдобрите играчи за врска на Европа.
Она што во дадениот момент не е познато, иако има многу шпекулации,  е тоа на која страна ќе трегне јунакот на сагата која ќе го одбележи лето 2016 година!

Вечерва влијателниот „Л`Екип“ како ударна вест ја пресе веста дека Манчестер Јунајтед и Јунајтед го договориле трансферот на Пол Погба и  дека англискиот гигант прифати за Французинот да плати 120 милиони евра.

Од друга страна, италијанските медиуми тврдат дека понудата на Манчестер Јунајтед не е поголема од 110 милиони евра и дека во таа сума не е вклучена провизијата на Мино Раиола која треба да изнесува неверојатни 20 милиони евра.

Уште еден влијателен европски медиум јавува дека во текот на вечерта се случи пресврт и дека во трката за Пол Погба повторно се вклучи Реал Мадрид кој е спремен да ги исполни сите барања на Јувентус.

Како што јавува Скај Спорт Италија, проблем за Реал претставува тоа што Пол Погба наводно дал збор на Жозе Мурињо, но нема сомнеж дека Јувентус никој не се грижи за тоа доколку можат да добијат некој милион повеќе отколку што ќе плати Јунајтед.

Значи, ситуацијата се менува од час во час и останува да се види кои ќе бидат поумешни и подарежливи во преговорите со Јувентус кој задоволно ги трија рацетее додека еден Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед те тркаат за потпис на Пол Погба.