Голем пресврт во случајот со Њукасл: Американец нуди 50 милиони повеќе за да го купи клубот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Иако долго се најавува дека Њукасл ќе замине во рацете на богат Саудиски конзорциум, сепак може да се случи голем пресврт во целата ситуација.

Имено, Њукасл примил понуда за преземање на сопствеништвото во висина од 350 милиони фунти од извршниот директор на американската ТВ копманија, „Clear“, Анри Маурис.

„Скај Спортс“ пренесува дека Маурис ќе преферира да го купи Њукасл по крајот на оваа сезона со цел да може да инвестира во играчкиот кадар на клубот.

Уште од месец април се зборува дека саудискиот принц, Мохамед бин Салман ќе го купи Њукасл од Мајк Ешли кој 13 години е прв човек на клубот.