Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Британскиот магазин „Гардијан“ објави скандалозна приказна за претседателот на фудбалската федерација на Хаити, Ивес Жан-Барт.
Жан-Барт доби обвинувања дека с**суално напаѓач фудбалерки во тренинг-кампот на Хаити, а приказната се одвивала дури пет години.
„Претседателот кога ќе видел убава девојка, разговарал со друга жена преку која се зкаанувал дека ќе ја исфрли од тренинг-кампот. Тоа било единствен начин за да спие со него“, пишува во текстот.
Една од најдобрите млади фудбалерки ја загубила својата невиност поради Жан-Барт кога имала само 17 години, затоа што не сакал да си ја уништи кариерата која допрва почнувала.
Фудбалерките кои живеат во тренинг-кампот се обично тинејџерки спасени „од улица“, а приказната која требало да биде убава станала хорор.