Голем стрес за кошаркарите на Јута: Авионот мораше да слета откако му откажа мотор! 📷

Кошаркарите на Јута џез имаа непријатно искуство со авионот со кој патуваа за Мемфис. Само што полетаа од пистата на Меѓународниот аеродром во Салт Лејк, авионот мораше принудно да слета поради удар со јато птици.

Птиците предизвикале пожар на еден од моторите, па пилото морал итно да се врати на аеродромот од каде што полетал.

Пилотот успеал без проблеми да слета, а играчите на Јута минале без никакви проблеми, иако доживеале голем стрес.

На социјалните мрежи тие оставија голем број коментари и му се заблагодарија на Бог што ги спасил во таква ситуација.