Голем удар за гигантите: Ла Лига се налути и ги исклучи Барселона и Реал Мадрид од преговорите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас кажа дека Реал Мадрид и Барселона ќе бидат исклучени од преговорите за ТВ-правата.

Причина за оваа одлука на Тебас е планот на гигантите за создавање на европска Суперлига, кој повторно стана актуелен.

Раководството на Ла Лига не ја поддржува идејата за создавање на ново натпреварување и затоа Тебас веднаш реагираше по шпекулациите.

За создавање на Суперлига зборуваше и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

„Проектот напредува. Тоа ќе биде отворено натпреварување во кое може да настапуваат голем број клубови“, кажа Лапорта.