Голем удар за Реал Мадрид, фудбалер ќе паузира седум недели!

Шпанскиот медиум „АС“ објави дека фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос се здобил со тешка повреда.

Себаљос има истегнување на скочниот зглоб на десната нога од трет степен и поради тоа ќе мора да паузира околу седум недели.

Шпанецот настапи од првата минута против Бетис, но по еден час игра се повреди и мораше да биде заменет.