Голема размена на повидок меѓу Ливерпул и Јувентус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус сака да се ослободи од услугите на Французинот Адриен Рабио, кој има договор на уште една година со тимот, а заинтересиран за него е Ливерпул.

Британските медиуми објавија дека Ливерпул следната година нема да бара засилувања во средниот ред, па Рабио сега се поврзува со трансфер на „Енфилд“.

Јувентус во размена за Рабио го сака Роберто Фирмињо, чија иднина не е сигурна во Ливерпул со оглед на тоа дека пристигнаа неколку засилувања, меѓу кои се Луис Дијаз и Дарвин Нуњез.

Рабио играше важна улога во тимот на Масимилијано Алегри минатата сезона, па на 45 меча во сите натпреварувања запиша две асистенции, додека Фирмино даде 11 гола и пет асистенции за Ливерпул на 35 меча.