Големо враќање на Филипе Кутињо?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кутињо во јануари 2018. година стигна на Ноу Камп од Ливерпул како големо засилување во еден од најголемите трансфери некогаш (140 милиони евра), но во редовите на шпанскиот првак не се покажа баш најдобро.

Веќе одамна се говори дека Бразилецот би можел да ја напушти Барса. Се поврзува најмногу со ПСЖ, но според наводите на англиските медиуми на крајот тој сепак би можел да се врати во Ливерпул.

Наводно, Редсите се спремни да го вратат назад и да им понудат на каталонците 88 милиони фунти за неговите услуги, а таа понуда Барселона и ќе ја прифати.

Шпанскиот шампиони сака да го врати Нејмар. За ова да се случи мораат да го продадат Кутињо или Осман Дембеле, а се чини дека нивни избор сепак е Бразилецот.

Кутињо во изминатите година ипол одигра 75 натпревари за Барселона и постигна 21 гол.