Големо засилување: Ембид доби дозвола да игра за Франција!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Камерунецот Џоел Ембид пред неколку месеци почна процедура за добивање на француско државјанство со намера да заигра за репрезентацијата, а тоа му беше одобрено на 5 јули.

Еден од најдобрите кошаркари на неговата позиција има 28 години, а никогаш нема заиграно за репрезентацијата на Камерун на официјалните натпревари на ФИБА.

Ембид ќе може да игра за Франција на Светското првенство (СП) во 2023 година и Олимписките игри (ОИ) кои се закажани за 2024 година во Париз.

„Триколорите“ ќе добијат моќен центар пред новите предизвици, а веќе во составот го имаат и одличниот Руди Гобер.