Големото срце на Федерер: Швајцарецот донира четири милиони евра!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер собра речиси четири милиони евра на аукција за својата спортска облека и опрема.

Овие средства добиени од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарната организација „Роџер Федерер“, која финансира повеќе проекти за деца во Јужна Африка и Швајцарија.

Со продажбата на спортската опрема биле собрани 3,98 милиони евра и тоа четири пати повеќе од планот, а аукцијата се одвивала во две фази – во Лондон на 23 јуни, како и на интернет од 23 јуни до 14 јули.

„Почнавме да собираме предмети кои ме следеа во текот на кариерата и сметавме дека може да ги продадеме“, вели швајцарскиот тенисер.

Најголемата цена ја достигнаа три рекети на Федерер, кои ги користел на Вимблдон во 2019 година, а тие биле продадени за 162.500 фунти.