Големото срце на шеикот: Газдата на „граѓаните“ ќе им плати на навивачите да бидат на финале во ЛШ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити на 29 мај на стадионот „Драгао“ во Порто ќе го игра финалето во Лигата на шампиони против Челси.

„Граѓаните“ се на праг да испишат историја и да го освојат првиот трофеј во елитното натпреварување, но тоа воопшто нема да биде лесно.

Газдата на клубот Шеик Мансур реши да им ги плати сите патни трошоци на одредени навивачи на Сити, кои ќе патуваат во Порто за финалето од ЛШ.

Навивачите кои купуваат билети ќе добијат и место на службениот пат кон Португалија. Сити доби 6.000 навивачи за натпреварот на својот тим.

Иницијативата е смислена за да се намали финансискиот притисок врз навивачите, кои се погодени од ситуацијата со пандемијата на вирусот.

„Граѓаните“ неодамна ја потврдија новата титула во Англија, го освоија Лига Купот, па со освојување на ЛШ ќе ја покажат својата доминација.