Голман во Англија постигна погодок од 96 метри и постави нов рекорд! 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на нисколигашот Њупорт каунти постигна неверојатен гол против Челтнам со кој постави нов рекорд.

При резултат 0-0, Том Кинг изведе гол-аут и ја испрати топката кон противничката половина, а благодарение на ветрот таа го прелета противничкиот голман.

Англичаните пресметаа дека Кинг постигнал гол од 96,01 метри, со што го урна досегашниот рекорд на Асмир Беговиќ, кој за Стоук во 2013 година постигна гол од 91,9 метри.