Гомез на слатки маки!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Германскиот репрезентативец има две сериозни понуди.

Епизодата во Бешикташ е завршена, враќањето во Фиорентина одамна не е опција, затоа Марио Гомез во овие денови се наоѓа на најслатки маки.

Отакако формално заврши позајмицата во Бешикташ германскиот голгетер добива низа на сериозни понуди кои можат да му донесат уште еден сериозен чекор напред во кариерата, но и сериозна заработка, со што практично ќе спои „убаво и корисно“.

Но во Фиорентина се денови наназад тврдат дека Марио Гомез не оди никаде, човекот кој донесе на Бешикташ титула сега се наоѓа меѓу Барселона и Дортмунд.

Според информациите до кои дојдоа каталонски Мундо Депортиво и германски Билд, Гомез бира меѓу две интересни, воедно и многу тешки улоги – четврт напаѓач и прва резерва на Пјер Емерик Обамејанг. Тоа го потврди и агентот на искусниот стрелец.

Во Барселона со месеци наназад бираат на кого ќе му доделат една од најбараните улоги, која соевремено ја носес Хенрик Ларсон и Ејдур Гудјонсен, а а подолгата листа на кандидати неодамна ја потполни Гомез, кој Барса му понуди и конкретни услови.

Меѓутоа, Гомез доби и примамлива понуда од татковината, поради тоа што Дортмунд воден од Томас Тухел прави моќен проект, каде што ќе има значана улога.

Дортмунд веќе го купи суперталентираниот Емре Мор, но како што за младиот Турчин ова практично ќе биде прва сезона во едно вакво сериозно натпреварување, Тухел размислува за офанзивната линија да ја засили со Гомез.

Нормално, и дека решение е Адријан Рамос, кој сепак не задоволи со досегашните игри.

Но, во Бешикташ се надеваат дека сепак може да го придобијат Гомез да се врати во Истанбул  и да ги искористи плодовите од минатиот труд.

Покрај овие две понуди кои се веќе на масата, Бешикташ нема шанса.