Гонзало Игуаин одбил да го напушти Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Гонѕало Игуаин се врати во Јувентс откако му истече позајмицата во Челси.

Лондонскиот клуб не сакаше да го откупи договорот на Игураин кој од почетокот на овој месец повторно е играч на Старата дама. Но, во Торино не сметаат премногу на него и јасно му дале на знаење дека се наоѓа на трансфер листата.

Меѓутоа, со доаѓањето на Маурицио Сари тоа малку се промени, бидејќи тој побара Игураин да остане. Сепак управата не попушта и му порачаа на Сари дека Аргентинецот е на продажба.

Голем интерес за него покажа Рома која сака да го доведе како замена за Един Џеко. Но, се чини дека Игуаин не е заинтересиран и одлучен е да се бори за поголема минутажа во дресот на Јуве.

Скај Спортс Италија вчера објави дека Игуаин одбил да оди од Јувентус иако му порачале дека не сметаат на него. Аргентинскиот напаѓач сака да го искористи добриот однос со Сари, но тоа воопшто не им се допаѓа на челниците на клубот.

Јуве сака да заработи пари од неговото продавање и да доведе помлад напаѓач, а на мета се наоѓа Мауро Икарди и Ромелу Лукаку.