Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше со 2-1 во сетови против Петра Марчинко и се пласира во финале на турнирот во Рим.
Ѓорческа го загуби првиот сет со 5-7, но во следните два беше одлична на теренот и славеше со 6-2 и 6-1 за да се пласира во финалето.
Македонската тенисерка за трофејот во Рим ќе се бори против Оксана Селекметева која претходно беше подобра од Леа Бошковиќ.