Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа славеше во полуфиналето на турнирот во Ираклион, Грција против Мириам Бјанка Булгару со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 7-6.
Ѓорческа беше одлична во првиот сет и успеа да направи предност од еден брејк, кој го задржа до крајот на сетот за да слави со 6-4.
Во вториот сет македонската тенисерка повторно имаше предност, но Романката се врати во игра и се избори за тај-брејк, каде што Ѓорческа славеше со 7-5.