Ѓорческа напредуваше за шест места на ВТА-листата


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа скокна до 252. место на ВТА-листата благодарение на одличниот настап во Куршумлиска Бања.

Ѓорческа играше одлично на турнирот во Куршумлиска Бања и обезбеди финале, каде што беше поразена од Русинката Јулија Андеева со 0-2 по сетови.

На врвот на ВТА-листата останува Ига Швјонтек, додека зад неа се Арина Сабаленка и Џесика Пегула.