Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Ферари имаше одличен викенд во Бахреин, но на трката не успеаа возачите да се прослават, зашто Шарл Леклер во финишот имаше проблеми со болидот и го освои третото место, додека неговиот колега Себастијан Фетел направи голема грешка, па заврши петти.
Но, Ферари остана на тестирања во Бахреин, а по првпат во историјата во Формула 1 се појави синот на легендарниот Михаел Шумахер.
Мик утринава излезе на патеката во Бахреин во болидот на Ферари и имаше неколку тестови. Тој во моментов вози во Формула 2, но очигледно во Ферари веќе сакаат да има искуство во Ф1.
Неговиот аттко веќе неколку години е надвор од сите случувања и далеку е од очите на јавноста, поради тешката повреда на главата, која ја заработи на скијање и сигурно е горд на својот син, поради неговиот успех.