Горецка арогантен по поразот на Баерн: Нè победи тим кој игра примитивно!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Баерн Минхен нема победа на четири меча по ред, а вчера загубија од Аугсбург со 0-1, но и тоа не ја намали ароганцијата во редовите на актуелниот шампион.

Леон Горецка по натпреварот кажа дека е разочаран од поразот, но тоа не го спречи да го навреди противникот.

„Имавме доволно шанси за гол, но не бевме доволно добри. Една од причините е тоа што противникот играше примитивен фудбал. Постојано се бранат и чекаат шанса“, кажа Горецка.

Очигледно нешто не е како што треба во Минхен, па му е потребна реконструкција на тимот, која најверојатно ќе се случи во следниот период.