„Гори“ пред последната трка во Абу Даби: Таткото на Ферстапен не штедеше зборови за Хамилтон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Светскиот шампион во Формула 1 за 2021 година ќе биде решен на последната трка во Абу Даби, која се вози следниот викенд.

Луис Хамилтон славеше на три трки по ред и се израмни со Макс Ферстапен по број на бодови, но Холанѓанецот во досегашниот дел од сезоната има една победа повеќе.

Неколку дена пред трката за Хамилтон зборуваше и таткото на Ферстапен, кој немаше добри зборови.

„Никогаш не разговарам со Луис. Не мора да зборува со мене. Јас не му кажувам ништо. Го почитувам како возач, но како друго – ништо. Макс и Луис зборуваат само за подиум, а кога ќе го видам Макс со другите возачи, мислам дека добро се сложува, но Луис е во свој свет“, вели таткото на Ферстапен.