Господски потег на Гатузо на заминувањето од Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џенаро Гатузо денес потврди дека нема да биде повеќе тренер на тимот од Сан Сиро.

Тој помина на клупата на Милан 18 месеци, а откако не успеа оваа сезона да избори пласман во ЛШ одлучи да го напушти клубот.

Тој изјави дека тоа не било воопшто лесна одлука за него и после се решил дека едноставно дошло време малку да се одмори од се.

Тој на заминувањето од клубот во кој помина голем дел од својата играчка кариера покажа колку го сака овој клуб.

Тој одлучил да се откаже и од платата односно од обесштетувањеот кое требало да го добие.

Тој со Милан имаше договор на уште две години, но воопшто не сакаше да размислува за пари и порача дека тоа воопшто не го занима.

„Се одрекувам од двегодишниот договор со Милан. Мојата приказна со овој клуб никогаш не била поврзана со пари и нема да биде случај ни во иднина“, порача Гатузо.