Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двоен трансфер за Интер, начин да се заобиколи финансискиот ферплеј. Доаѓа Португалец, но и најталентираниот бразилски фудбалер.
Сунинг групата ја заврши работата околу Жоао Марио.
Џангсу го купи Марио од Спортинг и ќе го испрати на позајмица во Интер.
Измамата е јасна, италијанците имаат проблем со финансискиот ферплеј, тој како позајмен фудбалер ќе игра во Серија А, а Интер има право да го откупи за 45 милиони евра.
Со ова УЕФА е заобиколена, а тоа е само првото засилување на Интер. Според италијанските медиуми, следното засилување е Габриел Барбоса.
Наводно овој фудбалер е на пат кон Италија, доаѓа на завршни преговори, ќе потпише договор со Интер и на зима од Сантос се сели во Серија А.