Готово е: Арсенал го обезбеди Пепе, медицинските прегледи во следните денови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Арсенал и дефинитивно ја завршија најголемата работа во летниот преоден рок.

Нов фудбалер на „Топчиите“ се очекува да стане Николас Пепе од Лил за кого интерес имаше од уште неколку големи европски екипи како Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Наполи и Интер.

Арсенал ги обезбеди услугите на младиот крилен фудбалер за кого на Лил ќе му плати 80 милиони фунти.

Пепе треба да ги мине медицинските прегледи во текот на утрешниот ден пред и официјално да стави потпис на повеќегодишен договор со Арсенал.