Готово е: Доаѓа опасна конкуренција за Халанд во Премиерлигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако многумина не би се сложиле, сепак англиските медиуми пишуваат дека доаѓа уште една фудбалска ѕвезда во Премиерлигата која треба да му биде конкуренција на Ерлинг Халанд.

Коди Гакпо е човекот од кој се очекува да блесне во англиската лига, а минатото лето беше на чекор до Манчестер јунајтед, но сепак „ѓаволите“ на крајот потпишаа со Антони од Ајакс.

„Бев блиску. Разговарав со Ерик Тен Хаг неколку пати. На крајот не потпишавме договор и тоа беше штета за мене и мојот развој. Меѓутоа ако добијам шанса, би играл за Јунајтед“, кажа Гакпо.

Тен Хаг, наводно, сè уште е заинтересиран за услугите на Гакпо и се очекува да го ангажира следното лето, иако понуда ќе биде испратена уште во јануари до неговиот тим.