Готово е: Левандовски се сели во Барселона!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо синоќа објави дека Роберт Левандовски се сели во Барселона, откако Баерн Минхен се согласил да го продаде.

Левандовски се очекува утре да стигне во Барселона, а во понеделник да ги помине медицинските прегледи, по што ќе биде претставен како ново засилување.

Германските медиуми пишуваат дека агентот на фудбалерот, Пини Захави бил човекот кој им ја дал информацијата дека трансферот е договорен.

Барселона се согласила да плати 45 милиони евра за трансферот на Левандовски, а ќе исплати и пет милиони низ неколку бонуси.

Полјакот ќе потпише договор со каталонскиот гигант на три години со опција да го продолжи на уште една сезона.