Готово е: Познат новиот клуб на Елмас, го делат детали од официјализирање на трансферот

Најталентираниот македонски фудбалер, Елиф Елмас се наоѓа пред реализацијана голем трансфер во Серија А.

Како што пишуваат многу медиуми во Италија, но и во Турција трансферот во Наполи е речиси готов откако неколкуте средби помеѓу агентот на Елмас и неговиот татко со претставниците на клубот од Неапол вродиле со плод.

Имено Џеват Елмас и агентот на фудбалерот, Никола Ѓошевски склучиле петгодишен договор со тимот на Наполи,  а за утре се очекува и финалната средба на која ќе бидат договорени и најситните детали пред и официјално да се стави потпис на договорот.

Инаку, Фенербахче за неговите услуги ќе добие сума од околу 15 милиони евра.