Готово – Го имаме најголемиот трансфер во историјата на Чемпионшип!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Вулверхемптон го заврши трансферот со играчот за врска од Бенфика и постави нов рекорд.

Како што пренесуваат португалските медиуми, Вулвси веќе испратиле барање за регистрација на досегашниот играч за врска на Бенфика Талиска.

Наводно, целокупната зделка е веќе завршена, Вулвси за неговиот трансфер ќе платат 25 милиони евра што е рекордно доаѓање во еден тим од Чемпионшип.

Овој 22-годишен фудбалер чека само да добие работна дозвола и да отпатува на лекарски прегледи и да потпише договор.

Талиска ќе потпише договор на пет години, меѓутоа, наводно веќе порача на клубот дека ќе замине после само една сезона доколку екипата не се врати во Премиер лигата.

Инаку, Талиска го застапува прочуениот агент Жорж Мендеш, па така на него нема да биде проблем да пронајде голем клуб во случај да експлодира во Чемпионшип.