Граѓаните не се откажуваат – Луда понуда за фудбалерот на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити испрати нова понуда за дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи.

Првата понуда која беше во вредност од 45 милиони евра беше одбиена од италијанскиот шампион, но граѓаните немаат намера да се откажат. Англиските медиуми тврдат дека стигнала нова понуда на адреса на старата дама која изнесува 60 милиони евра.

Сепак, тешко дека Јувентус ќе прифати било каква понуда за Бонучи. Фантастичниот дефанзивец е важна карика во играта на италијанскиот шампион и нема шанси да си замине.

Бонучи е фудбалер на Јувентус од 2010-та година, а за торинскиот клуб има одиграно 274 натпревари и постигнато 16 погодоци.