Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски го напушти Дебрецин и се пресели во Грасхоперс, кој за неговиот трансфер ќе плати 700.000 евра.
Грасхоперс ќе плати 550.000 евра во готово плус 150.000 за бонуси, а Бабунски потпишал двегодишен договор со опција да ја продолжи соработката на уште една сезона.
Бабунски играше стандардно за Дебрецин и во минатата сезона постигна 13 гола на 30 натпревари.