Гратче со 5.000 жители ќе игра во групна фаза во Европа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клаксвик од Фарските острови синоќа направи сензација во Лигата на шампиони, откако го елиминира шведски Хакен во второто квалификациско коло.

Првиот дуел заврши без голови меѓу екипите, додека во реваншот во Шведска резултатот беше нерешен (2-2) во регуларните 90 минути. Во продолженијата двете екипи постигнаа уште по еден гол и победникот се решаваше на пенали.

Екипата од Фарски Острови има само 5.000 жители и ќе игра групна фаза во Европа следната сезона. Дури и да загуби во следното коло во Лигата на шампиони, има обезбедено пласман во групите во Конференциската лига.