Грчкиот ѕвер Антетокумпо ќе игра на Евробаскетот! (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Милвоки бакс, Јанис Антетокумпо ќе настапи за репрезентацијата на Грција на Европското првенство (ЕП) во кошарка, откако го потврди тоа преку социјалните мрежи.

Кошаркарот на Милвоки објави грчко знаме и напиша „Наскоро“, а токму тоа беше протолкувано како потврда за неговиот настап на Евробаскетот.

Грција на ЕП ќе се соочи против Естонија, Украина, Велика Британија, Италија и Хрватска.