Грин доби смешна казна откако го нагази Сабонис (Видео)

Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Дрејмонд Грин ја дозна казната откако го нагази Домантас Сабонис во вториот меч од четвртфиналето во плејофот на НБА-лигата.

Грин намерно го нагази Сабонис, по што беше исклучен, а кошаркарот на Голден Стејт во негова одбрана кажа дека ривалот го фатил за нога.

НБА презема мерки и го суспендира Грин на само еден меч, што значи дека тој ќе го пропушти дуелот на 21 април меѓу двете екипи во Сан Франциско.

Сакраменто кингс води со 2-0 против актуелниот шампион и е на добар пат да го елиминира.