Грин платил над милион долари за казни!

Голден Стејт Вориорс го казни Дрејмонд Грин поради нокаутот за Џордан Пул за време на тренинг, но не го суспендираа.

Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата по инцидентот се повлече од екипата на неколку денови, но ќе се врати.

Грин помина само со финансиска казна и ќе биде во тимот на отворањето на новата сезона следната недела против Лос Анџелес лејкерс.

На крајот на минатата сезона вкупниот износ кој го платил во кариерата беше околу 994.000 долари, а со новата казна која ја добил 32-годишниот Грин ќе стане еден од играчите со најмногу казни.