Гризман: Имам проблем со Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога пристигна во Барселона, се очекуваше Антоан Гризман да биде големо засилување за овој тим.

Минатото лето беа платени дури 120 милиони евра на Атлетико Мадрид, но не ги оправда очекувањата.

Имено, на 48 одиграни натпревари тој постигна само 15 погодоци, и додаде четири асистенции, а наводно е во лош однос со Меси.

“Мојата иднина е во Барселона и тука сум среќен. Имам доверба од новиот тренер и се чувствувам одлично. Минатата сезона беше комплицирана за мене, но јас сум тука и сакам да се докажам”, изјави Гризман и додаде:

“Имам проблем со Меси и истиот проблем го имам и со Мбапе. Прво не се познаваме добро на теренот и ни требаше време да започнеме да работиме заедно. Сепак, мислам дека ќе ми биде многу полесно да најдам заедничка игра со Меси”, заклучи Гризман.