Гризман испиша историја во Атлетико Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Атлетико Мадрид беше елиминиран од шпанскиот Суперкуп, откако загуби во полуфиналето од Реал Мадрид со 3-5 по продолженија.

Натпреварот ќе остане запаметен и по рекордот на Антоан Гризман, кој стана најдобар стрелец во историјата на Атлетико Мадрид.

„Ова е нешто неверојатно за мене. На полувремето имаше многу емоции, но моравме да се вратиме во игра. Знаеме дека мора да бидеме подобри ако сакаме успеси“, кажа Гризман.

Атлетико повторно ќе игра против Реал Мадрид, но сега ќе се соочат во шпанскиот Куп.