Гризман најдобар играч на ЕП, избран и идеалниот состав


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Антоан Гризман очекувано беше избран за најдобар играч на ЕП во Франција.

Иако Португалија ја освои титулата, јасно беше дека Гризман ќе биде најдобар. Французинот постигна 6 погодоци и имаше 2 асистенции и сигурно го обележа ова ЕП, а така мислеше и стручното жири на ЕП: Сер Алекс Фергусон, Алан Жирес, Дејвид Мојс, Пеки Бонер, Миксу Пателаинен, Саво Милошевиќ, Питер Рудбаек, Герет Саутгејт, Томас Шаф, Жан Франсоа Домерге, Жине Мелендез и Жан Пол Бригер,

Истото жири го одбра и идеалниот состав, а во него имаше место само за фудбалерите на репрезентациите кои играа во полуфиналето. Португалија има 4, Германија 3, Франција и Велс со по 2 фудбалери.

Руи Патрисио (Португалија)
Џошуа Кимих (Германија)
Жером Боатенг (Германија)
Пепе (Португалија)
Рафаел Гереиро (Португалија)
Тони Крос (Германија)
Џо Ален (Велс)
Антоан Гризман (Франција)
Арон Ремзи (Велс)
Димитри Паје (Франција)
Кристијано Роналдо (Португалија)