Гркот Јанис повторно херој за Милвоки (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Минатата ноќ беа одиграни четири натпревари во НБА-лигата, а нова победа оствари Милвоки бакс против Чикаго булс со 118-109.

Гркот Јанис Адетокумбо повторно беше одличен на паркетот и постигна дабл-дабл, односно 35 поени и 11 скокови.

Бостон беше подобар од Њујорк за трета победа по ред во НБА-лигата, а најефикасен на теренот беше Тејтум со 35 поени, шест скокови и седум асистенции.

Победа оствари и Сакраменто против Торонто, а херои за подобриот тим беа Фокс со 28 и Мареј со 25 поени.