Грузија ја совладата Македонија сред Скопје!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација загуби на домашен терен во дербито против Грузија со 0-3, па така направи чекор назад во борбата за првата позиција.

По првото полувреме без голови почна хоророт за македонските фудбалери, а прв мрежата на Димитриевски ја погоди Зивзивадзе во 52. минута.

Потоа во нашата мрежа погоди и Кварацкелија за 2-0 со одличен удар од 25 метри, додека конечните 3-0 ги постави Китеишвили во завршницата од дуелот.

Македонија по три одиграни меча се наоѓа на втората позиција со четири бода, односно пет помалку од лидерот Грузија.