Гундоган лут по поразот во дербито: Фернандеш само падна и почна да лелека…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган не беше задоволен по поразот на неговиот тим од Манчестер Јунајтед во градското дерби одиграно на „Олд Трафорд“.

„Ѓаволите“ славеа со 2:0, а првиот погодок го постигна Марсијал кој ја искористи одличната асистенција на Бруно Фернандеш.

Токму за овој момент се жалеше Гундоган кој истакна дека воопшто не го допрел Фернандеш кога судијата досуди фаул.

„Фрустриран сум поради тој слободен удар зошто воопшто не беше фаул. Само ја допрев топката и тој падна на земјата и почна да вика. Не знам дали ни судијата виде или само имаше чувство дека се работи за прекршок. Тоа беше многу разочарувачки, ме болеше кога веднаш примивме гол. Потоа се трудевме, но не беше доволно“ –изјави Гундоган.