Ѓуровски го оправда револтот на Тадиќ: Да бев јас, немаше ни да влезам во игра

Поранешниот македонски фудбалер Милко Ѓуровски кажа дека српскиот репрезентативец Душан Тадиќ со право реагирал на дуелот против Англија.

Тадиќ доби шанса од клупата за резерви и тоа го изнервира, а Ѓуровски вели дека да бил на негово место, немало ниту да влезе во игра.

„Душан е капитен, кажа дека сака да игра од почетокот. Јас, на пример, не би влегол во игра затоа што сум таков карактер. Тадиќ е мирно момче и само кажа што му лежи на душата, а тоа го знае и Пикси“, кажа Ѓуровски.