Гвардиола го отпиша својот „миленик“ и му кажа да си бара нов тим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити е на добар пат да ја одбрани титулата во англиската Премиерлига, а тренерот Пеп Гвардиола размислува за нови засилувања, но и ослободување од фудбалерите кои не му се потребни.

Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган во претходните сезони беше стандарден член на „граѓаните“, но тоа се промени оваа сезона.

Англиските медиуми објавија дека Гундоган имал разговор со Гвардиола и тој му кажал дека ќе го менува средниот ред, па му порачал да си бара нов клуб.

Манчестер сити ќе го стави Гундоган на трансфер-листата, а неговата цена ќе изнесува околу 25 милиони евра со оглед на тоа дека има само уште една година од договоррот со премиерлигашот.

Гундоган досега одигра 252 меча за „граѓаните“, при што постигна 47 голови и 33 асистенции.