Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Ејмерик Лапорт, младиот француски фудбалер, на крајот на зимскиот преоден рок минатата година потпиша за Манчестер сити за 65 милиони евра.
Перспективниот стопер, стана во тој момент најскапиот дефанзивец во историјата, сега е во центар на внимание на навивачите и фудбалската јавност.
Неговиот дебакл во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони против Тотенхем доволно зборува дека ги разочарал навивачите.
Лапорт му „асистираше“ на Хеунг-Мин Сон при постигнувањето на првиот гол, па Англичаните го обвинуваат дека токму тој го исфрли Манчестер сити од елитното натпреварување.
Што точно се случуваше на мечот и за кои моменти најмногу му замеруваат навивачите и фудбалската јавност може да погледнете во продолжение.