Гвардиола го препорача идеалниот тренер за Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона на лето ќе се раздели со Чави Ернандез, а веќе има голем број кандидати за кормилото на тимот, но сè уште не е познато кој ќе го добие тешкиот предизвик.

На списокот на каталонскиот тим има неколку имиња, а претседателот на Барселона, Жоан Лапорта наводно му се јавил на Пеп Гвардиола и побарал совет.

Поранешниот тренер на Барселона и актуелен стратег на Манчестер сити му го препорачал Роберто Де Зерби од Брајтон.

Италијанскиот тренер воодушеви со премиерлигашот, па затоа и Барселона сака да го ангажира, меѓутоа има еден голем проблем.

Брајтон бара отштета од 15 милиони евра за Де Зерби, а таа сума Барселона во моментов не може да ја плати.