Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денеска се игра англиското дерби меѓу Ливерпул и Манчестер сити, а тоа ќе биде дуел и меѓу одличните тренери Јирген Клоп и Пеп Гвардиола.
Ливерпул не се наоѓа во најдобра форма и го пречекува Сити кој е во феноменална серија и се наоѓа на првото место на табелата.
Гвардиола го провоцираше Клоп пред натпреварот, откако Германецот порача дека „граѓаните“ имале повеќе одмор за разлика од нив и затоа таква е разликата на табелата.
„Постојано им кажувам на фудбалерите дека додека се жалите и барате изговори, не може да одите напред. Изговорите се најлоша работа во светот, никогаш не сум ги барал…“, вели Гвардиола.